Фернандо Алонсо, возачот на разочарувачкиот оваа година Мекларен, му прети на Фетел. Алонсо стартуваше од десеттата позиција на овогодишната хаотична и нај интересна трка ГН на Бразил. На оваа трка имаше забележителен настап но контактот со Фетел за него ја обележа неговата трка.

Во моментот на борба за 7-ото место во 10-тиот свиок шпанецот се обиде да го претекне Фетел од Ферари, кој не му остави доволно место, така да Алонсо мораше да излезе надвор од патеката. И покрај лошите временски услови успеа да го исконтролира болидот и да се врати позади Фетел.

– Излетав надвор од патеката на место каде беше пошироко и за среќа поминав без последици и по болидот и за мене. Но што ако на тоа место имаше ѕид? Или ќе се удрев во ѕидот или во Себастијан, што највероватно ќе го направам следниот пат. Ќе удрам во него и тој ќе изгуби повеќе бодови отколку јас. Идат денови кога некој ќе мора да го удри за да свати дека патеката не е само за него туку за сите кои сме на неа. – изјави Шпанецот.

Се чека реакција на изјавата на Алонсо од Себастијан Фетел, а посебно од Чарли Вајтинг.

OhridNews