Во едни од најнеобичните квалификации проследени и со страотна несреќа на возачот на ферари Фелипе Маса, најбрзо време оствари пилотот на Рено – Фернандо Алонсо , кој 18 пат во својата кариера ќе стартува од пол позицијата.

Дилемата кој победи на квалификациите на Хунгароринг каде утре ќе се вози трката за големата на Унгарија, траеше десетина минути откако падна системот кој ги мери времињата на возачите.

Од првиот ред ќе стартува уште и Себастијан Фетел, во вториот се Вебер и Хамилтон, во третиот Розберг и Ковалаинен, а четвртиот ред го сочинуваат Кими Раиконен и водечкиот во генералниот пласман Џенсон Батон.

Ohridnews