“ Рено е мојот дом и моето семејство. Овде бев шест години и освоив две титули“ – изјави Фернандо Алонсо кој имаше неуспешна година во тимот на Мекларен.
Алонсо, спордувајќи ги перфомансите не Рено од 2007 не верува дека би можел да ја врати титулата во францускиот тим и додава:
“Ако не бидам јас тој што ќе ја освои титулата се надевам дека ке се радуваат тифозите на Ферари. Тоа е тим кој е во можност секоја година да се бори за титула. Јас имам 26 години и се надевам дека ќе ја имам таа можност и јас, да ги радувам италијанските тифози со титула. Премлад сум за да мислам дека Рено ќе биде мојот последен тим“.
Џими