Мaрaja Кери и нејзиниот божиќен хит „All I Want for Christmas Is You“ го соборија рекордот за најмногу преслушувања во еден ден на „Спотифај”. И, тоа се случи токму на католичкиот Бадник.

Песната тој ден е побарана 23.701.697 пати. Поп-дивата со тоа го собори сопствениот рекорд, од Бадник лани, кога истата песна беше преслушана 21.273.357 пати.

Според проценките на „Билборд“, пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната. А пак, истражување на „Економист„ од 2016 година, говори дека заработува во просек 2,5 милиони долари секоја година. Песната објавена во 1994., според ова би можела да надмине 100 милиони долари вкупна заработка оваа 2023 година.

OhridNews