Научниците се надеваат дека оваа студија ќе помогне во зголемувањето на дејството на вакцините и ќе доведе до подобро разбирање на работата на имунолошкиот состав. Претходни студии веќе покажале дека умерено конзумирање алкохол е поврзано со пониската стапка на смртност. Меѓутоа, ова е прв пат некоја студија да покаже дека свесното умерено конзумирање на алкохол може да ја зајакне имунолошката реакција на вакцините.

Студијата е спроведена меѓу животни кои научниците прво ги вакцинирале, а потоа им овозможиле пристап до алкохол. Оние кои го конзумирале умерено покажале зајакната реакција на вакцината. Авторот на студијата, професорот Илхем Месауди за Дејли Меил рекол дека кај просечните лица, чаша вино со вечера, го подобрува здравјето и посебно состојбата кај кардиоваскуларниот состав, а сега на тоа може да се додаде и имунолошкиот состав.