Умерената конзумација на алкохол во првите месеци од бременоста е поврзано со двојно поголемиот ризик за предвремено породување, објавиле британските научници. Списанието “Journal of Epidemiology and Community” објавило податоци собрани од 1264 исапитаници според кои ризикиот за предвремено породување растел пропорционално со зголемувањето на конзумацијата на алкохол на самиот почеток од бременоста, пренесуваат медиумите.
Истражувачите од Универзитетот Лидс додаваат дека ризикот за предвремено породување бил присутен и кај трудниците кои конзумирале околу две единици алкохол дневно. Имено, станува збор за еквивалент на половина литар пиво, што е во рамките на дозволениот лимит за бремени жени според постоечките препораки во Велика Британија.