Алкохолот е поопасен од илегалните дроги како хероинот или кракот, ако се земе предвид неговото погубно дејство врз поединецот, но и општеството во целина.
           
Ова го покажа истражувањето на британскиот центар за проучување на криминалот и правдата, чии резултати се објавени во најновиот број на британскиот часопис „Тхе Ланцета“.
           
Британските експерти го испитуваа влијанието на алкохолот, кокаинот, хероинот, екстази и марихуаната врз основа на нивната деструктивност по организмот на консументот, но и општеството во целина, истовремено земајќи ги предвид и другите фактори на штетност, како трошоците што ги предизвикуваат алкохоличарите за здравствениот и затворскиот систем.
           
Хероинот, кракот и метафетамините се најсмртоносни дроги за поединецот, но ако се земе предвид нивниот учинок на општеството, алкохолот е многу погубен, а потоа следат хероинот и кракот. На скалата опасни дроги од 0 до 100, алкохолот е оценет со 72 бода, хероинот со 55, а кракот со 54. Марихуаната е многу пониско на скалата.
           
Експертите велат дека алкохолот се нашол на прво место бидејќи е во широка употреба и има разорни последици не само за алкохоличарите, туку и за многу околу нив.

OhridNews
извор: „Макфакс“