Познатиот британски експерт за опојни дроги, професорот Дејвид Нат, после едно спроведено истражување утврдил дека алкохолот е поштетен од хероинот, екстази таблетите и ЛСД. Нат и неговиот тим спровеле истражување во чии рамки ја следеле зависноста од штетните супстанции, вклучувајќи алкохол, хероин, крек кокаин, метамфетамин, канабис, екстази и ЛСД. Научниците го зеле во предвид влијанието на секоја од тие супстанции на телото, на трошоците во здравствениот систем, друштвените сервиси и затворите. Анализата покажала дека хероинот, крек кокаинот и Метамфетаминот се најштетни за поединците, додека алкохолот, хероинот и крек кокаинот се најопасни кога е во прашање влијанието врз општеството во целина.
Порталот „мој лекар“ навел дека научниците за потребите на истражувањето развиле сложен систем на бодување во кој алкохолот се покажал како најштетен, бидејќи собрал 72 од сто бода, а го следеле хероинот со 55 бода и крек коаинот со 54 бода. тутунот добил 26 бода, канабисот 20, а волшебните печурки само 5 бода. Истражувањето во Велика Британија, но и во целиот свет, предизвикало многу расправи на оваа тема, така дека некои сметаат дека истражувањето покажува потреба за подобра контрола на конзумацијата на алкохолни пијалоци, додека други истакнале дека истражувањето не е реално и дека опасните дроги не можат да се споредат со алкохолот кој стотици години е присутен во многу цивилизации. Професорот Нат бил советник за опојни дроги во поранешната британска влада, но од функцијата бил сменет поради своите конзервативни ставови за дрогата и алкохолот.