Денес, во 01.40 часот, на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување од страна на 32-годишно лице од Вевчани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Пријавениот, во видно алкохолизирана состојба, на висок тон и со агресивно однесување, ги вознемирувал станарите. Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од СВР Охрид информираат за уште еден инцидент што се случил вчера, во 22 часот и 30 минути, на плоштадот „Крушевска република“ во охридското село Велгошти, кога бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од две лица врз 20-годишен жител од истото село. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.
OhridNews