Дождот за три часа ја одложи полуфиналната пресметка на мастерсот во Индијан Велс, САД, помеѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер која донесе атомски тенис.
Поуспешен беше Шпанецот кој славеше во три сета 1:6, 6:3, 6:2.
Противник на Алкараз во финалето ќе му биде Русинот Данил Медведев кој во второто полуфинале го совлада Томи Пол од САД исто така со 2:1, по сетови 1:6, 7:6, 6:2.
Финалето во Индијан Велс се игра вечерва во 22 часот по македонско време.
Г.М.