Играчот од средниот ред на Ливерпул, Тиаго Алкантара ќе биде надвор од тимот поради повреда на тетивата.

Според „The ​​athletic“, 31-годишниот Шпанец заработил повреда на тетивата на саботниот натпревар против Фулам (2:2). Тој беше заменет во 51. минута од средбата.

Прогнозите на лекарите се дека Алкантара нема да може да игра до шест недели.

Тиаго се очекува да биде надвор од терените до средината на септември, што значи дека ќе ги пропушти натпреварите од Премиер лигата против Кристал Палас, Манчестер јунајтед, Бурнмаут, Њукасл, Евертон и Волвс.

OhridNews