Екипата на Алкалоид го совлада Ловќен со 34:30 (18:15) и обезбеди пласман во финалето на третото издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во Охрид.
Алкалоид имаше водство во текот на целиот натпревар и не дозволи противникот да го загрози посериуозно во ниту еден момент од мечот. За најкорисен играч прогласен беше Александар Петковски од Алкалоид кој натпреварот го заврши со 5 гола.
Статистика:
Алкалоид: Кизиќ (3 одбрани), Џонов 5, Петров, М. Младеновиќ 2, Серафимов 6, Карасманакис 3, Стојановиќ , Митев 3, Ѓорѓиев 1, Велковски 1, Симоноски 3, Иваноски, Трајковски (6 одбрани), Бинго 4, Петковски 5, Силва 1.
Ловќен: Ѓурковиќ , Станојевиќ 5, Перишиќ 2, Пајовиќ 6, Лаличиќ, Радојчиќ 4, Чировиќ, Радовиќ 2, Бориловиќ 1, Божовиќ, Вујовиќ (3 одбрани), Петричевиќ, Вуковиќ, Брновиќ 6, Рачковиќ 4.
Во вториот натпревар денеска се среќаваат Охрид и Партизан, а во вечерниот термин за пласман во финале играат Целје и Вардар. Двете екипи имаат по две победи.
Г.М.