Екипата на Вардар 1961 е вториот финалист на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се игра во Охрид.

Во одлучувачкиот натпревар Вардар го совлада Целје 31:27 (16:11) и обезбеди пласман во финалето каде утре вечер ќе се сретне со Алкалоид. Финалето почнува во 20 часот.

Вардарци беа подобри во текот на целиот натпревар. Постојано беа во водство и не дозволија победата да биде доведена во прашање во ниту еден момент.

За играч на мечот прогласен беше Младен Крсманиќ од Вардар кој постигна 4 гола.

Статистика Вардар 1961: Јагуриноски 2, Аларов, Стојановски, Георгиевски 1, Родригез 3, Крсманиќ 4, Еспиња, Танкоски , Коиј 4, Лазаревски 2, Хориха 5, Срдановиќ 4, Николиќ 2, Петриќ , Мархели 4, Ќосевски, Мело, Гогов.

Статистика Целје: Чешек, Корже 4, Периќ 4, Маргуќ 4, Мазеј 3, Богнар 3, Белеј 1, Козина 1, Антонијевиќ, Онуфриенко 3, Миличевиќ 9, Чировиќ, Маловиќ , Макуч 2, Млакар, Ракита 3, Габрешек.

За 3. место на турнирот ќе играат Олимпијакос и Целје (17:45ч.), за 5. место Динамо Панчево и Партизан (12:30ч.) и за 7. место Охрид и Ловќен (10:30ч.).

Г.М.