Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12).

Алкалоид и Тиквеш одиграа одличен натпревар, како што доликува на едно дерби, се играше гол за гол, но на крајот пресуди искуството и победник од оваа пресметка излезе македонскиот вицепрвак.

Најпрецизен во таборот на Алкалоид беше Серафимов со осум гола, а еден помалку имаше Митев. Кај Тиквеш се истакнаа Обина, Манасков и Симиќ со по шест гола.

Со овој триумф ракометарите на Кирил Лазаров останаа непоразени и лидери на табелата.

На втората денешна средба, но во плеј-аутот, вториот тим на Пелистер беше подобар од Куманово со 25-19.

OhridNews
Фото: МИА