Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу е во Талин каде што во рамки на Дигиталниот самит ќе има обраќање на панел сесијата насловена: „Дигитална безбедност на Западен Балкан“.

МИОА соопшти дека Алиу во Талин имал средба со Кеит Стриер, потпретседател на Светската иницијатива за вештачка интелигенција во Корпорацијата NVIDIA.

Имавме продуктивна средба за тоа како да ја поттикнеме соработката помеѓу Северна Македонија и NVIDIA за различните аспекти на вештачката интелигенција. Ние, се договоривме да формираме работна група која ќе го следи развојот на националната стратегија за вештачка интелигенција, која ќе ги истражува можностите и предизвиците на учење и неговите апликации. Да имплементираме решенија за вештачка интелигенција во јавниот сектор и да го подобриме процесот на донесување одлуки во креирање политики, да ја оптимизираме хардверската инфраструктура и процесите за воспоставување на вештачката интелигенција. Се договоривме да ги “здружиме силите” за да аплицираме во програмата „Дигитална Европа” за подобрување на дигиталната инфраструктура и процесот на дигитализација на нашата земја, изјави Алиу.

Министерот изразил благодарност до Страјер за вредните совети и поддршката и истакнал дека со нетрпение очекува унапредување на агендата за Вештачка интелигенција и во нашата држава.

OhridNews

фото. МИА