Ѕвездата на филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година, Алиша Силверстон, на крајот на минатиот век била на врвот на славата и не можела да се одбрани од фановите и папараците. Денес, помалку заборавена, актерката рекламира еколошки вибратори преку интернет.

Преку сајтот “Opensky.com”, каде корисниците едни на други им препорачуваат разни производи, актерката го рекламира производот “Leaf Vibrator”. Некогашната холивудска ѕвезда, која во филмот „Бетмен и Робин“ ја толкувала улогата на Барбара Вилсон, позната и како „Бетгрл“, во рекламата се нашла во малку поинаква улога.