Актерката Алиша Силверстон лансирала сопствена линија еколошка козметика, во соработка со една американска козметичка компанија. Оваа колекција содржи пет производи кои чинат од 16 до 36 американски долари.
Актерката своите козметички производи, кои содржат органски состојки, ги осмислувала повеќе од две години. Се наоѓаат во пакувања кои се направени од рециклирани материјали. Линијата ја сочинуваат руж за усни, пудра, коректор, подлога за лице и средства за отстранување шминка.