Актерката Алиша Силверстон, која се прослави со улогата во комедијата „Откачена плавуша“, е бремена, соопштиле американските медиуми. Тоа ќе биде прво дете на актерката која има 34 години и нејзиниот сопруг, музичарот Кристофер Џареки, а во брак се од 2005 година.
Не е објавено кога актерката би требало да се породи. Алиша играла во филмовите „Бетмен и Робин“, „Салон за убавина“ и многу други, а светска слава стекна со појавувањето во спотовите на групата Аеросмит за песните “Cryin”, “Crazy” i “Amazing” од албумот “Get A Grip” од 1993 година.