Пејачката Алиша Киз собрала нешто повеќе од 400 илјади долари на аукциите кои ги одржувала на својот таканаречен „Црн бал“, настан кој го бил организиран од нејзината организација за помош на децата од Африка и Индија кои се жртви на ХИВ. Вечера со актерите Едвард Нортон и Наоми Вотс била продадена за 25 илјади долари, а доживотно членство на сите голф терени на Доналд Трамп за 180 илјади долари.
На настанот кој бил одржан во вторникот, биле прикажувани потресни снимки на децата од Индија кои се борат со ХИВ-от, и кои поради тоа биле исфрлени од своите домови. Покрај Алиша Киз на настанот пееле уште и Ашер, Ричи Самбора, Нора Џонс и многу други. Пејачот на групата “The Black Eyed Peas” ја затворил вечерата пеејќи ја познатата нумера “I Gotta Feeling”.