Пејачката Алиша Кис која има 33 години открила дека го очекува второто дете со сопругот Свиз, кога преку Твитер и Инстаграм му ја честитала четвртата годишнина од бракот. „Среќна годишнина, љубов на мојот живот. А да биде уште послатко, нашиот втор ангел е на пат“, напишала Алиша.

Таа со хип-хоп ѕвездата го има тригодишниот син Иџипт Дауда Дина. И Свиз и ја честитал годишнината на сопругата преку друштвените мрежи со зборовите „Љубовта е живот, животот е љубов и возбудени сме поради подарокот од горе. Среќна годишнина на мојата божица! Ќе даде бог да славиме уште сто години!“.