Пејачката Алиша Кис на својот профил на Инстаграм ја објави првата фотографија на своето второ дете, синчето Џенезис Али Деан. Семејната фотографија веднаш била објавена во медиумите ширум светот и ги разнежнила многубројните обожаватели на популарната пејачка.
Алиша, која има 34 години, синот го родила кон крајот на минатата година, поточно на 27 декември. На црно-белата фотографија покрај пејачката и нејзиниот сопруг Свиз Битцом се наоѓаат и постарите синови Иџипт Даоуд и Касим, обајцата во свечени одела. Алиша покрај фотографијата го напишала името на малото момче и порачала дека се чувстуваат благословено и преполни со љубов.