Американската пејачка родила здрав син во четвртокот навечер во Њу Јорк. Алиша Кис и сопругот Свис Биц, со вистинско име Касим Дин, на момчето му го дале името Иџипт Дауд Дин. Малиот е прво дете на пејачката, а на нејзиниот сопруг веќе четврто.
Свис на својот Твитер профил напишал дека е пресреќен за сите благослови кои ги има во животот. Тој претходно ја пофалил и својата сопруга за која рекол дека е супер спремна да стане мајка.