Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски, наместо во турски Галатасарај кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли (Саудиска Арабија), објави новинарот Руди Галети.
Алиоски пред неколку денови беше „преселен“ во Галатасарај но нешто го спречи официјализирањето на трансферот кој на крајот пропадна.
Македонскиот репрезентативец кој минатата сезона настапуваше за Лидс не чекаше долго време да најде клуб каде ќе ја продолжи кариерата. Алиоски пуштил рака за соработка со Ал Ахли две сезони во кои ќе заработи 5 милиони евра.
OhridNews