Македонската фудбалска репрезентација се врати од Ереван по триумфот над Ерменија од 5-0 и вечерва во Скопје го одржува првиот од двата тренинзи пред неделниот натпревар против Исланд.

Вчерашниот триумф во Ереван во комбинација со ремито без голови во Букурешт меѓу Романија и Исланд, ја искачи македонската репрезентација на второто место во групата Ј и со победа в недела „црвено – жолтите“ ќе изборат историски бараж за пласман на Мундијалот 2022.

Во животот нема ништо случајно. Овој резултат е плод на нашата работа. Се гледа квалитетот на екипата, на фудбалерите кои играа и на младинско и на сениорско Европско првенство. Јас сум оптимист. Тоа што го покажавме против Ерменија да го направиме и против Исланд. Сакаме повторно да испишеме историја, изјави  репрезентативецот Езѓан Алиоски.

Натпреварот меѓу македонската и исландската репрезентација се игра в недела од 18 часот, а ФФМ соопшти денеска дека за навивачите ќе бидат отворени сите четири трибини на Националната арена „Тодор Проески“

 

OhridNews