Mакедонскиот фудбалски репрезентативец, Езѓијан Алиоски договорил трансфер во Галатасарај, објавија попладнево неколку турски медиуми.

Додека „жолто-црвениот“ тим бараше лев бек за следната сезона, многу имиња се најдоа на дневен ред. Галатасарај се состана со имиња како Курзава, Рикардо Родригез,  Алиоски. На крајот, изборот паднал на Македонецот. Договорот за трансфер е готов, пишуваат тамошните медиуми.

Алиоски во Галатасарај доаѓа од Лидс. За премиерлигашот тој постигна 22 гола и направи 16 асистенции на 162 натпревари.

 

OhridNews