Фудбалерите на Тотенхем забележаа убедлива победа во дуелот со Лидс, триумфирајќи со високи 3-0 (2-0) во првиот натпревар од денешната програма во Премиер лигата.

„Петлите“ отпорот на гостионскиот состав го скршија после 45 минути игра во кои обезбедија предност од 2-0. Домаќините, првиот гол го постигнаа од пенал, откако нашиот репрезентативец Езџан Алиоски го собори Бергвин. Сигурен од белата точка беше Хари Кејн. На 2-0 зголеми Хонг сон Мин, кој погоди после асистенција на Кејн. Конечните 3-0 ги постави Тоби Алдервирд во вториот дел.

„Авто-гол“ го одлучи дербито Ренџерс – Селтик (видео)

Составот на Глазгов Ренџерс со минимални 1-0 славеше во дербито со Селтик и го продолжи походот кон титулата во шкотската фудбалска елита.

„Ренџерси“ погодок за победа го постигнаа со помош на Калум МекГрегор кој ја затресе сопствената мрежа. Претходно, „детелините“ останаа со фудбалер помалку после директниот црвен картон за Нир Битон.

Глазгов со новиот триумф се одлепи 19 бодови од второпласираниот Селтик.

OhridNews