Американското здружение за заштита и контрола на диви животни истерале алигатор долг еден метар од базен во отмено предградие на Њујорк. Полицијата најпрво помислила дека се работи за шега кога добиле пријава дека има алигатор во базенот. Ловците се обиделе да го намамат алигаторот со пиле, но пилето го изеле ракуни.


На крајот го уловиле на јадица бидејќи се заплеткал. Алигаторот, кој можеби бил домашно милениче, ќе биде долго време во затвор.