Еверглејдс во Флорида е вистински тропски рај, меѓутоа борбата во ланецот на исхрана понекогаш потсетува на корор филмовите. Овој пат предноста на домашен терен ја искористил алигаторот кој е фотографиран како од водата изнесува свежо уловен бурмански питон. Неверојатната фотографија на алигаторот со својот улов на чуварите на националниот парт Еверглејдс им ја испратил Стив Грин.
Бурманските питони, кои потекнуваат од источна Азија се меѓу најголемите светски змии, а веќе со години неконтролирано се размножуваат на Флорида и ствараат проблеми во ланецот на исрхана. Билозите веруваат дека популацијата на питоните во Еверглејдс настанала откако неодговорните сопственици на овие егзотични животни се откажале од грижата врз нив и ги пуштале во дивината, а нивното присуство предизвикало драстичен пад на староседелците, како ракуните, опосумите и рисовите. Во минатото сличните пресметки завршувле во корист на питоните, кои покрај алигаторите, знаеле да совладаат и проголтаат дури и елени.