Силвија Митен од Флорида ги шокирала соседите откако им покажала фотографија со портокалов алигатор. Жителката на Соренто Вудс враќајќи се од работа го забележала алигаторот со необична боја во локалното езеро. Не можела да поверува во она што го видела па се вратила во надеж дека повторно ќе го види. Успеала да го фотографира.
Фотографијата со портокаловиот алигатор ја испратила до локалната телевизиска станица. Исто така ја испратила и до здружението на локалните биолози. Веруваат дека станува збор за алигатор кој е нешто помеѓу албино и нормален алигатор. Велат дека портокаловите алигатори се многу ретки што досега не биле забележани. Експерите се сомневаат дека за неговата боја се виновни гените.