Еден кинески алигатор кој побегнал од фарма во Франција, поминал една ноќ во ќелија за трезнење, во локалната полициска станица, изјавил сопственикот на животното. Го здогледала една жена која се враќала од вечера во ресторан.Излегла од автомобилот, го фатила, го ставила во торба и го однела во полициската станица.
Таа врста крокодили расте најмногу еден метар, вреди неколку илјади евра и не е опасна за луѓето. Сопственикот на фармата изјавил дека пронајденото животно е релативно добро, но и дека се грижи за другиот алигатор кој побегнал заедно се него и не бил сеуште пронајден, бидејќи тие тешко ги поднесувале зимските температури.