На прва победа на Охридскиот пливачки маратон покрај македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев се радуваше и Италијанката, Аличе Франко.


Таа на целта стигна неколку минути по пристигнувањето на машката група по која се дозна победникот на 29-то издание на маратонот во Охрид.

– Многу сум среќна што успеав да триумфирам на Охридскиот пливачки маратон. Ова е мое прво учество тука и ми се посреќи да победам. Ветувам дека и следната година ќе бидам дел од маратонот и ќе атакувам на победа. Исто така многу сум задоволна што долго, долго време бев во група со машките кои имаа неверојатна завршница. – рече Италијанката, Аличе Франко.


Франко на целта пристигна пред Русинката, Ана Манкевич и Естер Морера Нуњез од Шпанија.

Мх.П.