Турскиот глумец Налил Ергун, кај нас познат по улогата на Али Риза во турската хит серија „Кога лисјата паѓаат“, бил ограбен на улица од лажен папарацо, пренесува „Макфакс“.

Актерот бил на коктел во ексклузивен ноќен клуб во центарот на градот на Босфор.

“На само неколку метри од вратата пред да влезам дома ми пријде човек со кацига на главата и ми светна со блиц на фотоапарат. Толку ме заслепи што се зашеметив, а тој ме собори на земја и ми го зеде паричникот”, изјавил актерот.

Случката траела неколку секунди, а глумецот исплашен од грабежот кажал дека секој што ќе му се приближи со фото апарат ќе го тепа. Нему му било веќе смачено што папараците го следеле насекаде, па сега дури и го ограбиле.

OhridNews
извор: „Макфакс“