Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алијоски со погодок учествуваше во убедливиот триумф на Лидс од 5-0 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. За Алијоски ова беше втор погодок сезонава, првиот го постигна во победата над Њукасл 5-2. Алијоски истакна дека ужива во играта под водство на менаџерот Марсело Биелса.

Уживам во начинот на кој играме, како тим заедно, па тогаш и головите сами доаѓаат. Сосема е неважно кој дал гол, со начинот на нашата игра секој во тимот може да даде гол, и тоа е нашата сила. Овие три бода се многу важни за нас. Сакавме со победа да ја завршиме годината, тоа беше целта и среќни сме што ја остваривме. Се обидувам секој ден да научам од мојот тренер. Секоја шанса што ми ја дава, се обидувам да ја искористам за да напредувам во одбраната. Знам дека во нападот имаме толку многу моќ, можам да напаѓам бидејќи сум крило, но мојата желба е да научам и како да се бранам а во исто време и слободно да одам во напад. – изјави Алијоски.

„Белите“ од „Еланд Роуд“ со 23 бодови се наоѓа на 11-та позиција на табелата.

OhridNews

 

„Евро-гол“ на Алијоски, Лидс убедлив против ВБА (видео)