Очекувам компромисно решение во однос на одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од Законот за употреба на знамињата, како и за донесувањето на Закон за употреба на јазиците, и за решавање на статусот на припадниците на ОНА. Сите овие  прашања се дел од агендата од која зависи напредокот на Македонија и очекуваме  премиерот Никола Груевски да испрати покана за средба до лидерите на политичките партии на која ќе изнајдеме решение за овие прашања.

Ова го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со членови на партијата од Охрид, што синоќа се одржа во големата сала на општината.


Ахмети очекува политишки компромис

„Мислам дека од сите страни се прават напори да се изнајдат решенија за овие прашања имајќи во предвид дека се наоѓаме пред одржувањето на самитот на НАТО во Букурешт“, рече Ахмети . Од голем интерес за граѓаните е Р. Македонија да влезе во НАТО и да ги започне преговорите за членство во ЕУ, додаде Ахмети.

Тој уште еднаш повтори дека Албанците не смеат да бидат ставени на страна во преговорите со Грција околу спорот со името.  „Албанец мора да биде вклучен во преговорите без оглед од која политичка партија ќе биде тој претставник“, рече Ахмети.


ДУИ одржа трибина во Охрид

Лидерот на ДУИ по веста за трагичната хеликоптерска несреќа на семејствата на загинатите припадници на АРМ им изрази длабоко сочуство за како што рече големата загуба, за кој тој искрено жали.

Г. Момироски