Мај и јуни е сезона на цветање на алгите во Охридското Езеро. Ова е природен процес , но визуелно езерото изгледа нечисто, а се шири и непријатна миризба. И покрај повеќекратното чистење од страна на ЈП „Охридски Комуналец“ со механизирани екипи, алгите сеуште се присутни во големи количини. Затоа тие деновиве се чистат рачно.  Екипата на Ohridnews ги затекна чистачите на градскиот кеј како ревносно си ја вршат работата. Алгите сепак не им пречеа на најмладите кои се капеа и уживаа во убавото време.


Не може машински…


…па мора и рачно


алгите се раширија по Езерото…


…но тоа не им пречи на децата да се капат

Јасминка Т. Момироска