Актуелнот тренер на МЗТ Скопје, Алеш Пипан е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација.


Словенецот во текот на денот прво ја напушти клупата на Полска, а неколку часови подоцна се договори со челниците на Кошаркарската федерација на Македонија и го превзеде кормилото на “црвено жолтата“ чета.

Пипан заедно со кошаркарите ќе имаат тешка задача да го одбранат четвртото место освоено на последното Европското првенство во Литванија.

Македонската кошаркарска репрезентација во групата Б на Евробаскетот се наоѓа со Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Литванија и Летонија.

Мх.П.