Гласините дека напаѓачот на Милан Александро Пато се гледа со Барбара Берлускони, ќерката на италијанскиот премиер Силвио Берлускони добиле потврда. Еден новинар успеал да ги фотографира додека биле на романтична вечера во Милано. Според италијанските медиуми, нивната врска трае веќе неколку месеци. Кога врската започнала Барбара сеуште била заедно со вереникот Џорџо Валагучи, со кој има две деца.


Нејзиното пријателство со пет години помладиот Пато се развило во обострани симпатии, што довело до тоа Барбара да раскине со вереникот. Од друга страна и Пато бил разведен и сам, па немало причина романсата помеѓу нив да не продолжи. Барбара еден ден би требало да го наследи Милан, а моментално е ангажирана во маркетинг службата на тимот.