После Кели Брук и Роузи Хантингтон Вајтли, списанието „Љубов“ ангажирало уште една убавица за својот годишен секси календар. На ред да ги покаже своите атрибути сега дошла Алесандра Амброзио.
За разлика од секси танцот на девојката на Џејсон Статам, бразилската манекенка невино, во црвен костум за капење и со рогови од ирвас, трчкала по плажа, додека во позадина се слушала новогодишната песна „Ѕвончиња“.