Една од најпознатите манекенки на денешнината, Алесандра Амброзио, хоспитализирана е во Лос Анџелес, поради како што се наведува, константна главоболка. Таа ќе биде подлегната на медицински испитувања, а како што наведува извор близок до убавицата, престојот во болницата нема никаква врска со повеќедневното лудување на манекенката на фестивалот Коацела.

 

Алесандра била редовен гостин на овој калифорниски фестивал и една од најфотографираните ѕвезди. Како што се наведува, прегледот бил закажан пред две седмици, а според портпаролот на 34-годишната убавица, Алесандра е во одлична форма. Дека е во добра форма може да се заклучи од темпото на живот, а дали прегледот навистина бил закажан претходно или е последица на бурниот викенд, сеуште е мистерија.