Славната манекенка Алесандра Амброзио не можела да мине незабележано на свечената вечера на AMFAR која ширум светот организира раскошни вечери за богатите и славните како би се собрале средства за броба против сидата.
Алесандра буквално блескала во придружба на вереникот Џејми Мазур, а избрала да носи раскошен фустан со долги ракави но и мошне длабоко деколте. Не е лесно да се носи фустан кој открива толку многу, но Алесандра успеала да го направи елегантен но не и вулгарен. Ангелот на Викторија Сикрет е мајка на две деца, а со оглед на витката линија тој факт воопшто не се забележува.