Додека останатите ангели на Викторија Сикрет се занимаваат со некој вид вежбање или боречки вештини како би изгубиле што повеќе килограми пред најголемата модна ревија на годината, Алесандра Амброзио одлучила тоа да го стори на поинаков начин. Манекенката на својот Инстаграм профил поделила фотографија на која ужива во бифтек и помфрит во еден ресторан и тоа само 72 часа пред ревијата.
Ова не било прв пат супер моделот да конзумира нездрава храна, бидејќи повеќе пати била видена со пица и различни колачи во рацете. Во меѓувреме нејзините колешки Кендис Свонпул и Адриана Лима веќе пристигнале во Њујорк, како би ги започнале припремите за претстојната ревија.