Една од најдобрите манекенки на светот, Алесандра Амброзио, се породила во Бразил и на свет го донела синот Ноу Феникс. Алесандра и нејзиниот вереник Џејми Мазур веќе ја имаат ќерката Ања и воодушевени се поради тоа што таа добила брат.

Манекенката пред породувањето открила дека е многу среќна што ќе и се исполни големата желба да има син. Ангелот на Викторија Сикрет станала заштитно лице на накитот Вивара, а за потребите на снимањето неодамна се разголела и го открила својот стомак во поодминат стадиум од бременоста.