Светскиот супер модел Алесандра Амброзио со своите фанови на Фејсбук поделила дека ќе роди момче. Таа под фотографијата напишала дека сакале веста да ја задржат за себе и да ги изненадат сите, но биле премногу возбудени.

Таа исто така напишала дека наскоро ќе имаат мало момче кое ќе го размрда нивниот свет. Фотографиите исто така откриле дека оваа Бразилка изгледа заносно иако е во поодмината бременост. Алесандра Амброзио и сопругот Џејми Мазур веќе ја имаат тригодишната ќерка Ања Луис.