Бразилската манекенка Алесандра Амброзио е избрана да го носи овогодинешниот модел на специјалниот градник на популарната модна куќа Викторија Сикрет. Цветниот дизајн на градникот “Fantasy Bra” е украсен со аметисти, сафири, рубини и дијаманти, а се носи во комбинација со појас кој исто така е направен од скапоцени камења. Прекрасниот градник, дело на компанијата „Лондон џувелерс“ се проценува на 2,5 милиони долари.
Според пишувањата на медиумите, Алесандра го доела своето дете кога дознала дека ќе го носи. Таа рекла дека совршено и прилегал и дека како да бил направен за неа. Додала дека многу бил романтичен и кога дознала дека ќе го носи и доаѓало да врисне. Дијамантскиот градник ќе го носи на големата модна ревија која ќе биде одржана во декември. Минатата година таа чест ја имала австралиската манекенка Миранда Кер, а пред неа тоа го направиле Адриана Лима, Каролина Куркова и Жизел Бундшен.