Риалити ѕвездата Кендал Џенер полека го освојува модниот свет, а колешките манекенки не се баш воодушевени од нејзиниот успех. Имено, 18-годишната Кендал учествувала на ревии на модната седмица во Њујорк, а наводно била главна мета на малтретирање од своите колешки, кои отишле толку далеку што и гаселе отпушоци во чашата со пијалок.

Сепак, таа сега има доказ дека ја поддржува едно големо име од светската модна сцена. Ангелот на Викторија Сикрет, славната Алесандра Амброзио на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира со припадничката на кланот Кардашиан. Убавиците се дружеле во бекстејџот на миланската модна седмица.