Алесандра Амброзио на 11 години ги оперирала ушите кои и биле клемпави и така својот изглед, според многумина, го направила совршен. Не и требало многу време после тоа да се вивне во самиот врв на модната индустрија потпишувајќи договор со една од најголемите агенции во тој бизнис.
Денес има 31 година и две деца, но сеуште важи за еден од најзгодните светски модели. На неодамна одржаното спектакуларно шоу на Викторија Сикрет носела градник вреден 2,5 милиони долари. Таа е заштитно лице на овој бренд веќе десет години, се појавила на насловните на повеќе од 70 списанија ширум светот, а моментално е шести најбогат модел на светот.