Ангелот на Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио, објавила поприлично провокативна фотографија на својот Инстаграм профил. Имено, манекенката објавила фотографија, на која заедно со уште две колешки ужива на сонце и тоа без горниот дел од костумот за капење.
Во прв план се истакнати нивните задници, кои не можат а да не измамат воздишки кај припадниците на посилниот пол. „Време за бразилско сончање. Засекогаш на одмор!“, напишала Алесандра покрај објавената фотографија.