Прекрасната бразилска манекенка Алесандра Амбросио моментално ужива на грчкиот остров Миконос, каде работи на кампања за еден познат моден бренд. Ангелот на „Викторија Сикрет“ е еден од најбараните модели на денешнината, и не чуди што речиси секој месец патува на некоја локација.
Иако овој грчки остров е еден од најубавите на светот, сите негови магии и убавини паѓаат во втор план кога ќе се соблече Алесандра. Колку напорно работи, зборува и фактот што веќе снима кампања за пролет – лето 2016 година.