Бразилскиот супермодел Алесандра Амбросио добро ја искористила паузата од професионалните обврски, па со другарките се релаксирала на плажа. На воодушевување на машките фанови, Алесандра фотографијата од плажа ја поставила на социјалните мрежи.
Таа со неколку свои сонароднички посетила една калифорниска плажа, каде девојките одиграле неколку мечеви одбојка, и се разбира ги промовирале своите згодни тела. Алесандра фотографијата ја поставила на Инстаграм, а фановите на супермоделот уште еднаш можат да се уверат дека најзгодните жени на светот доаѓаат од Бразил.