Алесандра Амбросио ја претставила новата колекција костими за капење на „Викторија Сикрет“ на една плажа на Карибите. Манекенката лицето го прекрила со очила за сонце, а при позирањето покажала изненадувачка подвижност. Позирала во повеќе јога стилови со свиени нозе покрај телото.


Алесандра со манекенство се бави од својата дванаесетта година, а на 15 победила на натпреварот Елит Модел Лук во родниот Бразил. Во 2008 година ја родила ќерката Ања Луис со свршеникот Џејми Мазур. Само три месеци по породувањето ја вратила витката линија и се вратила на модните писти.